Среде бел ден, тројца крадци нападнале златара во центарот на Лондон, па се обиделе да избегаат од местото на настанот.
Еден од крадците бил херојски спречен од човек облечен во одело, кој моментално се нашол на патот на крадецот. Тој скокнал врз него, иако крадецот бил вооружен со мачета. Крадецот бил совладан и предаден на полицијата, а по другите двајца се трага.
Лондонската полиција го бара храбриот човек кој направи добро дело.


