Познатиот српски глумец Драган Гаги Јовановиќ на концертот Диџеј Џи и Џибери премиерно ја изведе песната посветена на славниот тенисер Новак Џоковиќ.
Гаги Јовановиќ пред концертот најави дека ќе ѝ приреди изненадување на публиката со премиерната изведба на својата нова песна.
Како голем фан на Новак Ѓоковиќ, и тенисот во целина, се очекуваше дека својата нова песна ќе му ја посвети на „белиот“ спорт и на најпознатиот тенисер во светот.
На публиката посебно ѝ се допадна делот:
„Роџер Миркин, Рафа Стиркин, никој не е свој, како што е тој, Ноле, Ноле, „ајмо брате Ноле“
Во продолжение можете да го слушнете новиот „сингл“, а музиката е „презенема“ од фолк песната „Опа, опа“, на Луис.


