(ВИДЕО) Интернет гори: Мараја Кери доживеа невидено фијаско на Нова година

Почетокот на годината не почна добро за Мараја Кери. Имено, пејачката доживеа фијаско кога пред два милиони луѓе во преносот на националната телевизија имаше технички проблеми со плејбекот во текот на дочекот на Новата година на Тајмс сквер во Њујорк.

Мараја во склоп на програмата што се пренесуваше на „Еј-би-си“ требаше да отпее два хита „Emotions“ и „We belong together“, но поради техничките грешки на сите им стана познато дека таа пее плејбек, а не во живо.

Мараја поради грешките не ја слушнала својата песна па се изгубила во текстот и било јасно дека во позадина оди еден текст, а Мараја пее друг. Таа на почетокот делувала збунето, а во еден момент делувало дека ќе си замине од сцената за на крај да им упати извинување на сите. Дури ѝ дофрлила на публиката да ја довршат песната наместо неа и изгледало дека е на раб на солзи. Во блескав костим, Мараја Кери, исфрустрирана, чекорела без ориентација по сцената, додека танчарите, кои настапувале во позадина, не ја повеле низ скалите. И понатаму збунета, американската поп-ѕвезда се обидела да испее уште една песна, „Emotions“ од 1991 година, кога рекла; „Што е, тука е“.

– Па, среќна ви Нова година! Ние ништо не слушаме па јас само ќе го следам ритамот. Се трудам, луѓе – рекла Мараја. За на крај да рече дека не вреди, дека не може подобро, и да ја напушти сцената.

Социјалните мрежи се преплавени со коментари и Мараја сега е актуелна тема. И таа се огласила на Твитер и напишала дека такви работи се случуваат и им посакала Нова година на сите, со напомена дека „сега имаат со што да ги полнат насловите во 2017“.

Најчитани вести