(ВИДЕО) Интервју со Јелена Ѓоковиќ: Се труди да биде совршена сопруга, совршена мајка… а откри и каков е Новак кога ќе изгуби

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (34) ја освои шестата титула во Вимблдон, откако вечерва во своето седмо финале на грен-слем турнирот во Лондон го совлада Италијанецот Матео Беретини. По победата тој изјави дека уште како дете сонувал да биде познат тенисер и го правел трофејот од Вимблдон од што и да најде.

Неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, во интервјуто со Иван Станковиќ, „Што сум за тебе и кој сум за себе“ за „К1“ вели дека таа пак сакала да биде „жена во сенка“, само што, како што вели, не е баш „во сенка“.

Водителот ја најави како бројот еден, затоа што се верува дека зад бројот еден стои вистинскиот број еден.

Јелена за себе вели дека е перфекционист, многу ѝ е важно како ги воспитува децата. Се труди да биде совршен родител, не купува роаминг пакети, затоа што не сака децата да ѝ бидат зависни од телефоните, а за тоа вистински пример треба да им биде таа.

Сопругата на Ѓоковиќ зборуваше и за тоа како го избрала вегетаријанството за начин на исхрана, како ѝ изгледал студентскиот живот и како ѝ изгледа животот со еден од најдобрите светски тенисери.

Јелена и Новак се заедно 15 години, јадат веганска храна затоа што и двајцата сами така одлучиле, а нивните деца имаат избор да јадат што сакаат.

На прашањето од водителот која е таа во животот на Новак, бидејќи за него работи многу работи што не се гледаат, а се поврзани со неговата кариера.

-Тоа го доживувам како да сум аеродром во Дубаи, како „хаб“, ги прима авионите, има информации, им дава упатства, вели Јелена и додава дека со тоа само го ослободува од некои доплнителни работи а да тој може да фокусира на тоа што го замислил.

Водителот ја запраша каков е нејзиниот сопруг кога ќе изгуби.

-Toj e многу добар, јас не сум, рече таа.

https://www.youtube.com/watch?v=e9kl8EZQppQ&t=1951s

На крајот Јелена кажа дека интерјуто било многу искрено и дека таа откри многу работи за себе, својата ранливост, што често не ја покажува бидејќи нема поента, затоа што како што вели има се што сака.

-Тоа е во ред, јас сум благодарна. Само што јас сакам да бидам уште подобра, и за себе и за другите, и имам многу простор за работа. И благодарејќи на моето детство, моето досегашно искуство и можеби овој наш денешен разговор, можеби ќе научам нешто ново, нешто што ќе ме донесе на следната станица, затоа што навистина сакам да учам. Јас навистина не гледам причина само да седам и ништо да не работам, а тоа наводно ми е загарантирано бидејќи имам пари. На тоа се противам, да тие пари не ми кажат ,е сега ти лежи, сончај се и уживај’. Токму тоа не го сакам, рече Јелена.

]]>

Најчитани вести