(ВИДЕО) Јапонците ја победија гравитацијата?!

Без чад, специјални ефекти и други слични трикови, научниците од Универзитетот во Токио успеале да се спротивстават на гравитацијата.

Како што пренесуваат јапонските медиуми, тимот на Универзитетот во Токио открил нова техника на подигање со помош на звучни бранови. Во видео снимката објавена на 31 декември може да се види демонстрацијата на ова откритие, на кое јапонските научници работеле долго време.

Во прикажаното се гледаат четири звучници распоредени како ќошиња на коцкена платформа со димензии 60x60x30 цм. Тие емитуваат суперсонични звучни бранови што човечкото уво не може да ги слушне.

Секој од нив пушта моќни вибрации кои се судираат во центарот на платформа. Благодарејќи на ова во воздухот може да се задржи какпка вода или мали предмети, но можат и да ги поместуваат во воздухот како мал НЛО.

Ова открите во понатамошните истражувања може да доведе до големи промени во управувањето на сите летачки објекти.

]]>