(ВИДЕО) Јавноста згрозена: Мајка се прослави со нејзината нечувствителност, „резервирала“ летниковец за роденден на нејзиното дете и прекина снимање на прилог за дете со дијабет

Додека таткото на девојчето објаснува со кои проблеми се соочуваат тој и сопругата како родители на дете со дијабет за прилог на ТВ „Алфа“, мајка на друго дете доаѓа и ги брка од летниковецот во еден од скопските паркови затоа што го имала резервирано за да слават роденден.

На прашање на новинарката дали знае за што е интервјуто, жената одговара:

„Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината“.

Новинарката „попушти“ и го ослободи летниковецот, а со снимањето на прилогот продолжија на друго место. Ситуацијата со која се соочи ја објави и во прилогот.

Јавноста е згрозена од постапката на мајката, а видеото стана вирално и на социјалните мрежи проследено со многу коментари и критики за жената која го прекина снимањето.

Најчитани вести