Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот ја посети Чеченија каде се сретна со лидерот Рамзан Кадиров.
Во вечерните часови Путин и Кадиров го обиколија Универзитетот за руски специјални сили за да ја надгледуваат обуката на доброволците кои ќе бидат распоредени во деловите на Украина под руска окупација.
Според информациите на руските медиуми, од почетокот на агресијата врз Украина, на овој универзитет се обучени повеќе од 19.000 доброволци.
На социјалните мрежи е објавено и видео од посетата на Путин на џамијата на пророкот Иса, а по тој повод рускиот претседател бакнува копија од Куранот, последното божјо откровение според исламот.
Russian President Putin kissed the Holy Quran and gifted it to the Prophet Isa Mosque in Chechnya. pic.twitter.com/RBGQNQrMXw
— Globe Eye News (@GlobeEyeNews) August 21, 2024


