(ВИДЕО) Како се бара работа?

Карловчанецот Алекса Таталовиќ цврсто решил да се вработи, па поднел барање во една хрватска креативна агенција за работното место писател на рекламни слогани, објави „Мондо“.

Потенцијалниот работодавец не го поканил на интервју, туку му дал задача да направи нешто интересно, нешто што би можело да “одекне“ насекаде.

Тогаш Алекса „ги засукал“ ракавите и направил една видео-апликација за работа.

Погледнете како тој конкурира за своето работно место.