Овогодинашната македонска претставничка на Евровизија, Калиопи со песната „Дона“ синоќа не успеа да се пласира во големото финале на 61-то издание на музичкиот натпревар кој годинава се одржува во Стокхолм, Шведска.
Од балканските земји покрај Македонија во финалето не успеа да се пласира ниту претставничката на Словенија.
Во втората полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија, пласман во финалето издвојуваа претставниците на Србија, Летонија, Грузија, Бугарија, Австралија, Украина, Полска, Израел, Литванија и Белгија.
На овие земји во големото финале кое ќе се одржи утревечер во „Ериксон Глоуб арената“ во Стокхолм, ќе им се придружат и претставниците на Ерменија, Австрија, Азербејџан, Хрватска, Кипар, Чешка, Франција, Германија, Унграија, Италија, Малта, Русија, Шпанија, Шведска, Холандија и Велика Британија.


