Ново објавени снимки покажуваат како полицаец во Аризона, САД, е убиен од страна на осомничениот, кој впери пиштол и пукаше во него шест пати.
Видеото го покажува моментот кога 24-годишниот полицаец во Flagstaff, Тајлер Стјуарт беше застрелан од страна на Роберт Смит.
Трагичната случка започна на 27 декември кога девојката на Смит се јавила во полиција, да се пожали дека тој го уништил нејзиниот стан.
Во одговор на повикот, полицаецот Стјуарт се појавил во домот на девојката каде открил дека Смит избегал. Неискусниот полицаец потоа отишол во домот на Смит, каде му било кажано, од страна на неговиот цимер, дека тој не е таму.
Полициските записи покажуваат дека во 12:30 часот, Смит ја повикал полициска станица во Flagstaff и оставил порака за Стјуарт да се најдат.
Стјуарт и Смит зборувале пред куќата на насилникот околу три минути. Смит стоел со рацете во џебовите. Кога Стјуарт го праша дали има оружје, Смит изјави дека е “во ред” и дека има само цигари во џебовите.
Младиот полицаец не побарал Смит да ги извади рацете или да легне на подот. Наместо тоа, тој мирно прашал дали може да го провери дали има оружје. Во тој момент, Смит го извадил револверот калибар 22 и испукал кон Стјуарт шест пати. Пет истрели го погодиле младиот полицаец, од кои четири од нив во главата. Смит потоа се самоубил. Полицаецот Стјуарт почина подоцна во болница.
Според полициските извештаи, цимерот на Смит изјавил во полицијата дека Смит размислувал за самоубиство подолго време.


