(ВИДЕО) Кит барал помош од рибар бидејќи имал отпад во уста

Група рибари пловеле северно од австралискиот град Сиднеј кога ненадејно им се придружил кит. Иако на почетокот мислеле дека би можел да ги нападне, но китот всушност ги молел за помош.

До еден од рибарите допловил китот кој на сите начини се обидувал да го привлече вниманието на луѓето. Тој кружел околу бротчето, а бидејќи рибарите го игнорирале тој им го затресол бротчето, за да му обрнат внимание.

Рибарите тогаш го воочиле проблемот, а тоа биле пластични кеси во неговата уста, кои ги извадиле со рака. Задоволен од решениот проблем китот мавнал со своите пераи и си отпливал.

Најчитани вести