Австралиските ренџери поставиле камера со сензор кој реагира на движење во близина на реката Маргарет во мај, со цел да го снимат секојдневниот живот на крокодилите кои живеат во реката.
Брзо по поставувањето на камерата, ренџерите пријавиле дека истата некако исчезнала. „Претпоставивме дека паднала во водата.“ – вели Ронеил Скеен, еден од ренџерите. Неколку месеци подоцна, ренџери од „Parks and Wildlife“ пријавиле дека ја пронашле истата камера 110 километри од местото каде што првично била поставена. Ренџерите успеале да извлечат клип од една минута во која им станало јасно што всушност се случило со камерата непосредно откако исчезнала.


