На интернет се појави видео снимка од грабежот што се случи во јули во Кан. Надзорните камери го снимиле моментот кога крадецот за половина минута украде накит во вредност од 140,000,000 долари, пишува њујоркшки „Дејли Њуз“.
Инаку тогаш во хотелот „Картлон“ влезе еден непознат маж, вооружен само со автоматски пиштол, а лицето му беше завиткано во шамија и шлем и го изврши грабежот.
Од тогаш досега поминаа четири месеци, а разбојникот сè уште не е фатен.


