(ВИДЕО) Ковачевски: Годинава, и покрај сите неизвесности кои ги донесе светската криза, тоа што го ветивме, го исполнивме

Во видеото што го објави на социјалните мрежи, премиерот Димитар Ковачевски вели дека годинава, и покрај сите неизвесности кои ги донесе светската криза, тоа што го ветиле, го исполниле.

„Двојно ја зголемивме минималната плата, а просечната плата веќе е далеку над 500 евра. Успеавме да ги покачиме платите во образованието, здравството, безбедносните сектори. Не ги заборавивме и пензионерите, пензиите се рекордно зголемени и континуирано ќе растат.Успешно се справуваме со кризата и со над 760 милиони евра антикризни мерки, успешно ги поддржавме и компаниите и граѓаните за полесно да го пребродат овој бурен период.Отворивме нови градинки, обезбедивме нови странски инвестиции, 2000 нови подобро платени работни места, пуштивме во употреба нови патишта, а гасификацијата е веќе реалност. Ја започнавме и енергетската трансформација на државата. Северна Македонија набрзо ќе е енергетски центар за зелена енергија. Во новата година, продолжуваме уште подобро и поодлучно“, истакна Ковачевск и порача дека „нема да има недостижна цел во 2023 година!“

Најнови вести

Најново од Видеа, Македонија

Најчитани вести