(ВИДЕО) „Мини Куперите“ на Битлси повторно се обединија: Во Лондон се изложени автомобилите на Мекартни, Харисон и Ринго Стар

Модифицираните автомобили „Mini Cooper“ што им припаѓале на Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар од популарните „Битлси“, повторно се заедно за да бидат атракција на изложба во Лондон.

Една од најважните автомобилски икони од 1960-тите, „Мини“ е дизајниран од Алек Исигонис во производство од Британската моторна корпорација и нејзините наследници од 1959 до 2000 година. Модерната варијанта на Мини сè уште добро се продава и до ден-денес.

Во тоа време во Лондон, местото каде што требало сè да биде, на членовите на бендот им бил потребен мал автомобил со кој лесно ќе можат да се движат низ градот. Сите „Битлси“ имале „Мини Купер“.

На изложбата недостига само „Мини Куперот“ на Џон Ленон, бидејќи е уништен во сообраќајна незгода во 1970-тите, а потоа е изгубен.

Највпечатливиот автомобил во колекцијата е тој на Џорџ Харисон, кој иронично важеше за „тивкиот“ Битлс.

Првично, неговиот „Мини Купер“ бил црн, но тој побарал од пар холандски уметници да го оживеат со светло-црвена шема и мотиви од книгата: „Тantra Art: Its Philosophy and Physics“.

Харисон му го позајми автомобилот на својот близок пријател Ерик Клептон, кој пак го префарбал со помрачна шема, а потоа го оставил да скапува на имотот.

На крајот на автомобилот му требало целосeн ремонт и бил обоен со психоделична шема користејќи го како мотив филмот „Magical Mystery Tour“.

Автомобилот сè уште е во сопственост на семејството Харисон.

Мини Куперот од 1966 година на Ринго Стар бил продаден на аукција за 115.000 евра во декември 2017 година.

Харолд Редфорд специјално го средил овој автомобил да биде со три седишта за да може во багажникот да го собере комплетот тапани на Стар.

„Куперот“ на Пол Макартни поголемиот дел од своите извозени километри ги направил во САД, но во 2018 година повторно бил вратен во Велика Британија за да биде продаден на аукција за 206.000 евра.

Извор: Euronewes.com

Најчитани вести