Поранешниот двократен НБА шампион и еднаш најдобар шести играч во најсилната кошаркарска конкуренција во светот, Ламар Одом, повторно ги скрши срцата на многу вљубеници во играта под обрачите, заради слабоста кон пороците и ноќниот живот.
Алкохол, дрога и жени со сомнителен морал ја уништија неговата кариера, а сè повеќе и повеќе веројатно дека тој ќе го уништи и својот живот, откако го допре дното кога беше фотографиран како без свест лежи на маса во еден ноќен клуб во Лос Анџелес.
Одом беше некое време во бесознание, а потоа група луѓе му помогнаа да седне и да изгледа свеж, објави TMZ Sports.
Иако неговиот портпарол тврди дека тој ја изгубил свеста откако дехидрирал како резултат на интензивниот тренинг претходниот ден, лицето кое го направи ова видео тврди дека го видел Одом како вечерта се опива пред да се случи инцидентот.
Ламар Одом за малку избегна смрт поради предозирање со кокаин во 2015 година.


