Папата Франциско (77) зборувал од прозорецот на неговиот дом во Ватикан за тоа како да се најде мирно решение за кризата во Украина, но нешто не било во ред.
Сакајќи да рече „пример“ (итал. caso), папата кажал пцовка (итал. cazzo).
-Јас најискрено апелирам до меѓународната заедница да ја поддржат секоја иницијатива за дијалог и хармонија. Срце полно со копнеж за власт е срце во кое Бог не постои. За ова, Исус многу пати ги прекорил богатите, затоа што за нив најтешко е да побараат сигурност покрај богатството што го имаат.
-Во оваа (пцовка) / во овој пример божјата промисла треба да се види како гест на солидарноста, изјавил папата Франциско.
]]>


