Триесет и четири годишна скопјанка и нејзиниот четири годишен син загинаа додека сопругот, триесет и три годишнен скопјанец не е повреден во тешката сообраќајна несреќа што вечерва околу 19 часот се случи на автопатот Неготино – Велес непосредно пред наплатната рампа кај Градско. Тие патувале во автомобилот марка Матиз со скопски регистерски таблички и најверојатно налетале на еден од двата камиони кои претходно на патот се удриле еден во друг.
Според информациите, возачот на автомобилот од се уште неутврдени причини, загубил контрола врз возилото и удрил во камион, кој бил застанат во последната коловозна лента.
Увидот на увидната полициска екипа на СВР Велес и Основен јавен обвинител сеуште трае. Овој дел од автопатот е затворен за сообраќај и возилата се пренасочуваат по стариот пат за Велес преку населбата Градско.


