Шaмпионот Манчестер Јунајтед не успеа да ги освои трите бода на гостувањето кај Кардиф. Домашните дојдоа до бод со голот на Ким Бо-Кјунг постигнат во судиското надополнување за конечни 2:2.
Претходно, на првиот денешен дуел од 12.круг во Премиер лигата, Манчестер Сити на домашен терен со убедливи 6:0 го совладаа Тотенхем.
Седум натпревари од оваа рунда се одиграа вчера: Евертон – Ливерпул 3:3, Фулам – Свонси 1:2, Хул Сити – Кристал Палас 0:1, Њукасл – Норвич 2:1, Стоук – Сандерленд 2:0, Арсенал – Саутемптон 2:0 и Вест Хем – Челзи 0:3.
Кото ќе биде комплетирано в понеделник со средбата Вест Бромвич Албион – Астон Вила.
Табела: Арсенал 28 бода, Ливерпул 24, Челзи 24, Манчестер Сити 22, Саутемптон 22, Манчестер Јунајтед 21, Евертон 21,…


