ВИДЕО: Манчестер Сити го растури Тотенхем

Во 12-то коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити, на својот Etihad, го пречека Тотенхем над кого славеше висока победа од 6:0.

Граѓаните дојдоа во водство во првата минута од натпреварот, со голот на Хесус Навас, кој погоди во 14-та секунда.

Резултатот беше 2-0 со автоголот на Сандро во 34-та минута, откако Негредо упати удар кон голот. На тој начин Манчестер Сити дојде до солидна предност.

Водечкиот голгетер на граѓаните, Кун Агуеро, во 41-та минута, на асистенција од Навас, постигна гол за 3-0. Со овој резултат заврши првото полувреме.

Во продолжение Сити продолжи со добар фудбал што резултираше со четврти гол во мрежата на Тотенхем. Тоа се случи во 50-минута кога Јаја Туре убаво го пронајде Агуеро, кој го постигна својот втор гол на овој натпревар.

Петтиот гол за граѓаните го постигна Негредо, на асистенција на Фернандињо.

Конечниот резултатот беше постигнат во 92-та минута, а својот втор гол го постигна Навас.

Најчитани вести