Српската пејачка Марија Шерифовиќ (39) ужива во новата животна улога и во сите убавини што ги носи мајчинството. Имено, таа го доби синот Марио кон крајот на минатата година, со помош на сурогат-мајка, нешто што беше вистинско изнеанадување за многумина.
Иако корисниците на социјалните медиуми отворија долга дискусија за станувањето родител со помош на сурограт-мајка, нешто што не е честа појава во нашиот регион, Шерифовиќ не обрнува внимание на негативните коментари и ги создава првите спомени со своето дете.
Доказ за тоа е најновата објава на нејзиниот инстаграм-профил, на која таа танцува со малиот Марио и му ја пее песната „I Want To Know What Love Is“ од британската рок група „Форинер“. На видеото, таа го нишка бебето во „кенгур“ и му ја потпевнува можната балада.
„Мојот прв танц“, напиша таа во описот на објавата.
извор: slobodenpecat.mk


