ВИДЕО: Масовна тепачка и пет црвени картони во судиското продолжение

Неверојатни сцени доаѓаат од Аргентина. Иако сме навикнати темпераментен Аргентинци, од време на време сo тепачка да зачинат некој натпревар, но сепак до сега не се случило две целосни екипи да учествуваат во тепачката на теренот.

Тоа се случи во 13-то коло и натпревар помеѓу Арсенал и Гимназија. При резултат од 1-1, во судиското продолжение прво дојде до туркање меѓу играчите, а потоа до општа тепачка.

Судијата на крајот подели пет црвени картони, а нема сомнение дека клубовите и играчите ќе бидат дополнително казнети од страна на аргентинската фудбалска асоцијација.