(ВИДЕО) Мечка бркала скијач во Романија, луѓето на жичарницата врискале за да ѝ го привлечат виманието

Љубителите на зимските спортови ги искористија јануарските денови за да заминат на некоја дестинација каде што има снег. Многумина од нив појдоа и во некој ски центар за да уживаат во скијањето.

Сепак, едно спуштање на скијач во Романија за малку ќе имало трагичен крај, откако мечка, најверојатно во потрага по храна, се пуштила да го лови додека тој скијал на патеката.

Кога ја видело мечката, момчето во паника почнало побрзо да скија, а луѓето што биле на жичарницата во тој момент со извици и свирежи се обиделе да го свртат вниманието на мечката.

За среќа, загрозеното момче успеало да се спаси. Тој се сетил дека носи ранец и ѝ го фрлил за да може малку да ја забави мечката. Со неговиот потег го збунил животното. Мечката застанала покрај ранецот и започнала да го кине, а скијачот добил предност во неговиот план за спас.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=29&v=8Z5idjqlCt0&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести