Најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси го прифати популарниот предизвик со тоалетна хартија, што се шири меѓу фудбалерите ширум светот, додека „владее“ пандемијата на коронавирусот.
Аргентинецот сними видео и го објави на социјалните мрежи.
Но, никој не зборува за вештината на Меси, туку за промената на неговиот имиџ. Поточно, по неколку години, тој ја избричи брадата.