(ВИДЕО) Милијардер во вселената: Посакувам моите деца да видат како луѓе шетаат по Месечината

Милијардерот Џаред Ајзакман денеска ја направи првата „приватна“ прошетка во вселената. Тој им се придружи на „SpaceX“ во смелиот потфат што го изведоа стотици километри над Земјата.

Опремен со новиот костум на SpaceX, Ајзакман прв излезегол од капсулата во која биле уште тројца членови на екипажот. По 15 минути го заменил инженер од компанијата SpaceX. Остатокот од екипажот ја следел двочасовната мисија од капсулата.

„Не бев роден кога луѓето одеа на Месечината. Посакувам моите деца да видат како луѓето одат на Месечината и Марс и го истражуваат Сончевиот систем“, изјави Ајзекман на прес-конференцијата напревена пред овој смел потфат.

Најчитани вести