(ВИДЕО) Мишел Обама игра како Бијонсе во караокето на Џејмс Корден

Во екот на скандалот со Меланија Трамп, сопругата на републиканскиот кандидат за претседател, која украде говор на Мишел од 2008 и го претстави како свој, сегашната прва американска дама гостуваше во „Лејт лејт шоу“ на Џејмс Корден со карпул-караоке (караоке во автомобил).

Корден и Обама испеаја една од нејзините омилени песни, „Signed, Sealed, Delivered I’m Yours“ на Стиви Вондер, а имаа и многу добри танц-потези на „Single Ladies“ од Бијонсе.

Како и сите неформални настапи на телевизија и вирални видеа на Мишел Обама, и ова беше со причина. Корден освен пеењето ѝ даде на првата дама шанса само да разговара и за својата иницијатива „Ајде девојките да учат“.

Најчитани вести