(ВИДЕО) Митат Исмаиловски: Децата сакаат да останат тука да работат, ама да ја купат земјата, да имаат тапија и да инвестираат

Земјоделецот Митат Исмаиловски од село Будаково е познат како сериозен производител кој заедно со неговото семејство обработуваат 400 ха земја со најсовремена механизација. Повеќе од 15 години инвестира во модернизирање на производството и досега вели дека има купено механизација за 1 милион евра.

Од овие 400 ха, близу 200 ха се државна земјоделска земја под концесија која ја добил пред 15 години и благодарение на таа одлука ги задржал синовите да не заминуваат странство. Сега вели, услов ми поставија, сакаат да ја купат земјата за да може да имаат тапија, да бидат сигурни, да инвестираат во бушотини, нова механизација, силоси…едноствано да се развиваат.

Митат Исмаиловски горд на својот внук кој ќе ја продолжи семејната земјоделска традиција

Според Митат земјоделец не бива со 2 декари пипер или еден декар тутун. Само големи површини сопствена земја значи рентабилно производство и тоа е добро за државата.

Слушнете го неговото мислење за новиот нацрт закон за продажба на земјоделската земја, за пораките кои ги има до министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа кого го очекува не само тој туку и земјоделците концесионери од Будаково и соседните села.

Со Митат Исмаиловски разговараше Ленче Николовска. Слушнете став на вистински земјоделец на тема Закон за продажба на државата земјоделска земја, многу работи ќе ви станат појасни.

https://www.youtube.com/watch?v=14QfQtiEeZk&t=1s

Агротим го исконтактира кабинетот на министерот Хоџа за очекувањата на земјоделците и добивме ветување дека следната недела министерот ќе ги посети и ќе се организира средба со повеќе земјоделци. Информација од средбата ќе има на Агротим.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести