„Не е толку срамно што објавуваат без да прашаат, туку е срамно што лажат континуирано и бесрамно. И нема ниту една лага да не им се распрсне и дознае. Веќе е совршено јасно дека зад ваквите лаги стојат повеќе квази пиарџии платени со државни пари, и еден центар на моќ сместен на Бихачка. Дечки повторно грешка, снимката е стара најмалку половина година“, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за снимката која денеска се појави, а на која се гледа како излегува од теретана.
„Телохранителите на Мицкоски уште пред пола година ја предвидоа короната и од тогаш до ден денес веќе 6 месеци постојано носат бели хируршки ракавици. Професионалци на дело и место. Браво!“, реагираат на социјалните мрежи.
„Мицко кога прави склекови не се крева нагоре, туку го бутка вмро надоле.“
„Вежба грб. Треба на него да ја носи мајка Македонија“, велат други.
„Синоќа плачеше, загрижен за зеравјето на граѓаните, загрижен од коронавирусот и ете го наредниот ден пак ги прекршува мерките оди во теретана која отвара само за него! наќе уште спиеш или ќе почнеш са работиш?!“, реагираат на мрежите.
]]>


