Риечанката Сабрина Бахиќ додека утрово патувала на работа, со мобилниот телефон снимила тажен момент кога еден млад човек легнал на сред улица и не дозволувал да поминуваат возилата.
Возач со камион сопрел и почнал да му вика на момчето да се тргне бидејќи мора да работи и нема време
-Вози само, вози преку мене, со денови ништо не сум јадел, луѓето не ми даваат да работам, не ми е гајле, вози!
Возачот на камионот тогаш отишол до пекарата да му купи нешто за јадење на момчето.
Оваа тажна сцена Сабрина Бахиќ ја споделила на својот фејсбук профил.
Извор:.fokus.ba



