Српски „Alo!“ пишува дека Сораја Вучелиќ неодамна во еден ноќен клуб во Македонија, односно во дискотеката „Мистик“ во Штип, покажала дека има талент за пеење, а набрзо својот талент го наплатила. Таа на синот на еден македонски политичар му пеела „на увце“ и заработила неверојатни 3.000 евра.
Старлетата пеела во ноќниот клуб „Мистик“ во Штип, каде истата вечер синот на македонскиот политичар славел роденден и ја замолил Сораја да му посвети неколку песни.
Српски „Alo!“ има потврда од старлетата за оваа случка, иако таа не открива кому му пеела и колку бакшиш добила.
– Вистина е дека добив убав бакшиш. Момчето славеше роденден, посака да отпеам нешто за него и за друштвото и тоа го сторив. Прекрасно си поминав. Чув дека е син на некој познат политичар, но не би сакала да откријам на кој – вели Сораја.


