(ВИДЕО) Момче се удави додека неговите пријатели го фотографираа и се смееја

Шокантно видео се врти по социјалните мрежи. На неверојатните видео снимки 15-годишно момче се удави, додека негови пријатели стојат на брегот, го гледаат и се смеат. Видеото е снимено во Кина, информира „Mirror“.
На видеата снимени со мобилен телефон во неделата во провинцијата Хунан, се гледа како тинејџер, за кој е познато дека се вика Пао Пао, се бори за својот живот во водата, пишува „People’s Daily Online“.
Според соучениците на загинатиот, неговите пријатели мислеле дека тој само се шегувa, бидејќи сам скокнал во водата.
Околу 30-та секунда момчето, облечено во жолта маица, застанува на работ на брегот и подава рака. За несреќа, Пао Пао е подалеку и момчето се враќа назад, и продолжува да се смее. Кон крајот на видеото Пао Пао тоне под вода.
Едниот од неговите пријатели подоцна раскажува дека сите биле загрижени кога Пао Пао не се појавил на површината по околу минута и нешто. Една девојка им рекла на момчињата да влезат во водата и да го спасат, но никој не знаел да плива.

Најчитани вести