(ВИДЕО) Моментот на експлозија во Анкара во кој загинаа 30 лица

Две страотни експлозии одекнаа денеска во главниот град на Турција, Анкара, пред одржувањето на најавениот мировен собир, убивајќи повеќе десетици лица.Турското министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 30 лица ги загубиле животите а 126 се ранети во детонациите. Турските телевизии објавија снимки од хаосот на местото на нападот и повеќе безживотни тела, меѓу знамињата на демонстрантите.

Експлозиите се случиле во близина на железничката станица во центарот на Анкара. Цел на самоубиствениот напад беа граѓаните кои сакаа со марш во главниот град на државата да повикаат на прекин на насилствата и крвавите судири меѓу турската армија и курдските милитанти. Првата експлозија се слушнала околу 10 часот, по што набргу следела и втората детонација. Откажан е и најавениот мировен собир.

На социјалните мрежи во Турција се појави и видео снимка од моментот кога одекнала првата силна експлозија.>Официјални владини претставници соопштија дека експлозиите се терористички напад и ги проверуваат информациите дека барем една од детонациите била предизвикана од бомбаш-самоубиец.

Лидерот на про-курдската партија ХДП ги обвини државните служби за нападот и ги откажа сите предизборни собири.

Мировниот собир во Анкара беше закажан пред вонредните избори во Турција, кои ќе се одржат на 1-ви ноември и откако во јули повторно ескалираа судирите меѓу турските сили и вооруженото крило на курдската работничка партија, по двегодишното примирје.

Најчитани вести