Португалскиот стручњак Жозе Мурињо веќе не е тренер на Челзи, а неговото заминување од Стемфорд Бриџ, во четвртокот навечер, беше топ тема во сите европски, а особено во британските медиуми.
Тој во вечерните часови замина од комплексот на клубот во Кобам, Лондон, а објавена е снимка на неговото заминување од клубот, каде што ги постигна најголемите успеси.
Skysport го прикажа Мурињо како покриен со капуљача во автомобилот го крие своето лице од фоторепортерите, а на Твитер се појавија и инсајдерски информации дека познатиот португалец на збогувањето со вработените во клубот пролеал и некоја солза.
Сепак, немаше прес во вечерта на својот голем пораз, но португалецот замина побогат за 55 милиони евра.


