Налутен градител нанел штета од речиси половина милион фунти на новоизградената зграда, бидејќи сопственикот не му ги исплатил парите.
Во инцидентот никој не е повреден бидеќи зградата бил празна, а околу 50 сведоци со неверување ја гледале сцената. Се разбира, инцидентот е снимен, а на видеото се гледа како човек со багер се движи кон зградата и руши дел од неа.
По нападот, полицијата ја обиколила областа поради постоење опасност човекот со багерот да ги оштетил и плинските боци во зградата. Штетата што ја направил се проценува на 499.000 евра.
https://www.youtube.com/watch?v=YX_o1yC4DcY
Човекот го напуштил местото на настанот со автомбил, а подоцна сам ѝ се предал на полицијата.