Наполи кој има амбиции да се бори за Скудетото, синоќа на домашен терен загуби од Парма со 1:0. Стрелец на победничкиот погодок за гостите беше Антонио Касано во 82.минута. Горан Пандев одигра 68.минути во поразениот тим кој полека го губи чекорот со водечкиот тандем на табелата.
На другите две средби од 13.коло во Серија А одиграни синоќа: Верона – Киево 0:1 и Милан – Џенова 1:1.
Денеска играат: Ливорно – Јувентус, Сампдорија – Лацио, Сасуоло – Аталанта, Торино – Катанија, Удинезе – Фиорентина и Болоња – Интер.
Тимот на Каљари за кој настапува вториот македонски интернационалец во италијанскиот фудбал Агим Ибраими, утревечер гостува кај лидерот Рома.
Табела: Рома 32 бода, Јувентус 31, Наполи 28, Интер 25, Фиорентина 24, Верона 22,…


