За прв пат, НАСА успеа да одгледа црвена марула на Меѓународната Вселенска Станица. Нивниот “систем за производство на зеленчук”, како што го нарекуваат, користи уред кој врши осветлување и испорака на хранливи материи во посебна кабина во која се контролира температурата и изворот на јаглерод диоксид кој го поттикнува растот кај земјоделските култури.

Овој уред го обезбедува екипажот со вкусен, хранлив и сигурен извор на свежа храна, но исто така служи и како алатка за релаксација и рекреација.

Ова претставува голема работа за нас, велат од НАСА. Сега идните пионери ќе имаат одржлив додаток во исхраната, кој ќе биде критичен дел од нивното патување на Марс.
Проектот за одгледување на зеленчук од НАСА, ќе помогне и во производството на зеленчук на Земјата, со примена во урбаните садници каде што е потребна електрична светлина и вода.
Извор: supermodulor.mk


