(ВИДЕО) Нашминкајте се за 10 минити, баш како што тоа го прави Наоми Кемпбел

На британскиот супермодел Наоми Кембел ѝ требаат само десет минути за да се нашминка.

„Од детството се грижам за мојата кожа бидејќи мајка ми секогаш ми велеше дека морам да си ја хидрирам кожата и на телото и на лицето“, изјави таа и додаде дека кога била мала ја користела козметиката на мајка си.

„За мојата кожа користам околу три или четири различни бои бидејќи темната кожа е таква. Не можете секаде да користите иста боја“, рече Наоми во видеото и почна да ја нанесува подлогата.

Со цел дополнително да ги истакне своите црти, таа зема потемни нијанси и руменила за да ги истакне линиите на лицето.

„Кога бев помлада, користев толку многу шминка затоа што мислев дека ми треба многу шминка бидејќи сум модел“, вели Кемпбел за порелаксиранот пристап за шминкање со текот на годините.

-Се беше во мојот ум. Мислев дека морам да ја покријам секоја педа кожа. Во секој случај, работите се сменија, додаде таа.

Најчитани вести