(ВИДЕО) Навивач на Арсенал го нападна Арсен Венгер

Арсенал ја започна новата година со пораз од Саутемптон (2:0). На овој натпревар тренерот на „топџиите“, Арсен Венгер, имаше непријатна средба со навивач на својот тим.

Имено, навивачот ја прескокна оградата на теренот, дотрча пред резервната клупа на Арсенал, застана пред Венгер и со раширени раце му се развика. Венгер само одмавна со раката, а потоа обезбедувањето го однесе незадоволниот навивач.

Најчитани вести