Бугарскиот премиер Бојко Борисов разгневен на средба со својот кабинет, откако дознал дека жители на населени места во близина на Софија решиле да излезат на протест заради винетки (патарина) кои ги користат за да можат да одат на работа по обиколницата околу градот.
-Зошто ми правите така? Нели знаете дека бргу ќе се расправам со вас? Како може да ми го истерате народот на улица за таква глупост? – рече Борисов.
-Сакам сега да отидеш кај сите тие луѓе во населените места и како гласник по три пати да викаш – Нема да има винетки! Викаш по три пати, се извинуваш и се враќаш – му нареди Борисов на шефот на АПИ Георги Терзииски.
-Ако веднаш не направите така, ќе зажалите – рече бугарскиот премиер.
За потсетување, Борисов имаше слична средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога го запраша дали го прифаќа Договорот за добрососедство со Бугарија.