(ВИДЕО) Неколку седмици пред трагедијата јутјубер снимал како изгледа влегувањето во подморницата Титан

Јутјуберот Скуба Џејк го објави своето видео направено додека тргнувале да го посетат потонатиот брод Титаник. Видеото е направено само неколку недели пред трагедијата, за време на „Мисија III“. Неговата експедиција на крајот била откажана поради неочекувани проблеми. Трагедијата во која подморницата заврши со имплозија со петте патници е „Мисија V“.

Во видеото, меѓу другото, можете да видите како изгледа процесот на влегување во подморницата, затворање со 17 завртки однадвор и нурнувањето.

„Ако експедицијата не беше откажана, трагедијата можеше да ни се случи и на нас“, вели во видеото јутјуберот, кој поминал девет дена на бродот „OceanGate“. Тој го покажа и процесот на мерење пред да влезе во подморницата.

„Носев неколку чоколадни бисквити, два сендвичи и камера за да можам да го снимам сето тоа“- објасни тој.

На видеото може да се види и Стоктон Раш, извршниот директор на „OceanGate“ кој загина во подморницата. Во една сцена, Раш го покажува и контролорот што ја контролира подморницата.

Најчитани вести