(ВИДЕО) Необично дуо: Куче скитник „пее“ заедно со уличен музичар

Кларинетистот Сергеј Иванович настапува на улиците по украинскиот град Днепропетровск, а еден ден во песната му се придружило и едно куче-скитник.

-Кучето не е мое. Ненадејно се појави додека свирев, им објасни пензионираниот музичар на набљудувачите кои се собаа да го слушнат ова необично дуо.

И покрај тоа што веќе има едно куче, Сергеј Иванович одлучи да го однесе и ова дома, барем на еден заеднички појадок.