(ВИДЕО) Неонацист навредуваше луѓе, помина црнец и со еден удар го „легна“

Еден човек со нацистичка лента, на која беше нацртана свастика, пред неколку дена се шетал во американскиот град Сиетл и не помина баш најдобро, откако денот му заврши со класичен нокаут од еден крупен минувач.

Откако повеќе граѓани го забележаа неонацистот, ја споделија неговата фотографија преку Твитер и ја информираа полицијата дека провоцира граѓани во обид да започне тепачка, велат од полицискиот оддел во Сиетл, а објави Independent.

Но, на несреќа на неонацистот, неколку часа пред полицијата да го пронајде, неговата фотографија со нацистичка лента во автобус, беше објавена на Твитер профилот на антифашистичка група.

neonacist_predupreduvanje

Фотографијата експресно се раширила по социјалните мрежи, а граѓаните на Сиетл почнале да известуваат каде точно го виделе човекот. Според повеќе информации, за време на прошетката низ улицата тој викал на граѓаните и истурал расистички навреди.

Само еден час подоцна, беше објавено едно видео на кое овој неонацист се соочи со поголем афроамерикански минувач кој го удри со десно кроше, по кратка дебата, удар со кој не би се засрамиле ни боксерите во рингот. Неонацистот остана на земја, а лицето кое ја сними оваа кратка расправија само искоментира – “Добра ноќ”.

Најчитани вести