ВИДЕО: Непрописното паркирање се претвори во полициски напад

Друг полицаец го избрка братот на Октавиус, Хуакез,, кој го снимаше апсењето со камера на телефонот, далеку од местото на настанот. Хуакез потоа почна да бега во домот на соседите, откако беше бркан од страна на неколку полицајци, кои на крајот го конфискуваа телефонот. Видео снимката на Хуакез се смета дека е уништена, бидејќи никогаш не беше објавена. Сепак, видеото направено од горните прозорци брзо се рашири по инцидентот, предизвикувајќи реакции на заедницата и на крајот да резултира со разрешување на четворицата полицајци снимени во видеото. Поднесена е кривична пријава против двајца патролни полицајци. Октавиус (28) беше уапсен и обвинет за отпор при апсење и неуредно однесување, додека Хуакез (23), беше обвинет за попречување на службени лица и неуредно однесување. “Многу од полициските дејства од тој ден се во спротивност со нашите политики и не ја претставуваат нашата желба како офицерите треба да се однесуваат”, изјави шефот на Полицијата во Омаха, Тод Шмадерер, пред новинарите на прес-конференцијата, неколку дена подоцна. “Конечната одлука ќе биде правична кон граѓаните на Омаха, Службата на Полицијата во Омаха и одредени вработени кои беа вклучени, така што можеме да се движиме напред и да ја вратиме јавната доверба, која беше поткопана со овој инцидент.” Октавиус ​​Џонсон, човекот кој беше соборен на земја, изјави за КМТВ Омаха, дека е благодарен на пријателот од детството кој успеа да го сними инцидентот. “Мислам дека сите знаеме што ќе се случеше ако тој не беше таму”, рече тој. “Се ќе ставеа под тепих”.]]>

Најчитани вести