Нова снимка на која се гледа како возрасен маж брутално шутира куче пред локал повторно ги тресе социјалните медиуми. Случката е снимена пред локал, а се претпоставува дека лицето на видеото е Бране Јовановски, независен советник во општина Македонски Брод, кој е идентификуван од страна на сограѓани.