Членовите на Амадеус бенд на нивниот официјален Инстаграм профил споделија видео од концерт, на кое се гледа како додека тие настапуваат, една жена, понесена од добрата атмосфера и емоциите се качува на бината. Нејзиното добро расположение, музичарите го игнорираа и си продолжија со настапот, а нејзиниот следен потег никој не можел да го предвиди.
Жената скокна во публиката, но за жал никој не ја задржа, туку тресна на подот.
Членовите на бендот споделувајќи го видеото напишаа:
„За жал, се случуваат и вакви ситуации! Се надеваме дека госпоѓата е добро и секако се надеваме дека повторно ќе ја видиме на некој од нашите следни настапи“.


