Дваесетгодишниот австралиски тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос, предизвика скандал на мастерсот во Монтреал.
Тој во текот на мечот против Стан Вавринка во еден момент го навреди швајцарскиот тенисер откако рече – „девојката ти ја е*е Кокинакис, извини што јас морам да ти кажам другар“. Ова го забележаа микрофоните покрај тенискиот терен.
Во бројните медиумски шпекулации, Вавринка, после разводот од сопругата Илхам, често се доведува во врска со 19-годишната хрватска тенисерка, Дона Векиќ.
Стан Вавринка на Твитер искажа разочарување од однесувањето на Кирјос.
„Вакво нешто не би му направил ни на најголемиот душман“ – напиша Вавринка.



