Една од најголемите акциони филмски ѕвезди на денешницата Жан Клод Ван Дам ја искористи својата еластичност и талент во реклама која треба да докаже колку се прецизни и стабилни камионите на Волво.
Иако се работи за тестирање во живо на новите камиони, рекламата дефинитивно ќе ве остави без здив, а во еден момент и ќе се запрашате дали да им верувате на своите очи или не.
Иако рекламата е за новата технологија на познатата компанија, сепак докажува и дека никој не може да го направи тоа, што Ван Дам може, а за тоа сведочи и фактот што за неполни два дена, ова го видоа речиси 10 милиони луѓе.
И ако се уште не поверувавте, погледнете го и ова видео, кое му претходеше на тестот а во него Ван Дам ги добива инструкциите што треба да направи.и тргнува во „акција“.


