ВИДЕО | Никол Кидман често размислува за смртта: „Се будам во три часот наутро, плачам и длабоко дишам“

HOLLYWOOD, CA - MARCH 04: Nicole Kidman arrives at the 90th Annual Academy Awards at Hollywood & Highland Center on March 4, 2018 in Hollywood, California. (Photo by Steve Granitz/WireImage)

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се најде на насловната страница на списанието „Џеј-кју“ и проговори за тоа колку животот ѝ се сменил откако навлегла во своите педесетти години. Актерката призна дека често се буди во солзи бидејќи размислува за сопствената смрт.

Смртност и поврзаност. Животот доаѓа и те погодува. Губење родители, растење деца, брак и сите оние работи кои ме прават исклучително емотивна личност. Таков е животот. Дефинитивно, животот е патување и те погодува како што старееш. Тоа се оние будења во три часот наутро, кога плачеш и тешко дишеш“, изјави актерката.

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју“

Таа додаде дека губењето на родителите и растењето на децата ѝ го промениле нејзиниот поглед на животот.

„Постои овој аспект на смртноста со кој кога ќе се соочите со него, тешко е да се справите. Кога воспитувате деца, велите: „Морам да останам жив. Сакам да го видам сето ова“. Многу е тешко, но во исто време убаво и извонредно“, објасни актерката, чија мајка Жанел почина во септември оваа година, на 84-годишна возраст.

Кидман жали што нејзината мајка не успеала да го изгледа нејзиниот последен филм „Малечка“ („Babygirl“) и серијата „Совршениот пар“ („The Perfect Couple“).

„Таа беше покрај мене низ сите подеми и падови, низ сето тоа. Нејзината суштина беше движечка сила во текот на мојот живот“, заклучи Кисман за „Џеј-кју“.

Слободен печат

Најчитани вести