-Пред малку имавме состанок со здруженијата на одгледувачи на свињи на којшто разговаравме за потребата од донесување на нови мерки за поддршка на свињарството и за одржување на домашното производство на свинско месо. Се договоривме преку планираната Програма за интеревентен фонд, да се обезбеди дополнителна мерка од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми предадени во преработувачки капацитети во периодот од феврурари до април – изјави Николовски и додаде дека мерката е по барање на сточарите и се воведува поради падот на цените по заклано грло и покачување на цената на добиточна храна, а со цел да се анулираат трошоците на сточарите, и да имаат одржливо производство на домашно свинско месо.
-Дополнително, на состанокот се договоривме и за воведување на нова мерка во годинешната Програма за финансиска поддршка, односно нова субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми. Корисници на оваа подмерка се сточарите кои ги исполнуваат условите за биосигурност од низок и среден ризик согласно регистарот на одгледувалишта по категорија во кој одгледувалиштата се класифицирани согласно утврден степен на ризик кој го следи АХВ – рече Николовски.
На прес конференцијата тој соопшти и дека веќе се прават подготовки за нов наменски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за сточари. Овие две мерки се дополнителен стимул за развој на свињарството во износ од скоро два милиони евра, со кои МЗШВ покажува вистинска грижа за секоја земјоделска гранка и за одржливо домашно производство.
Претставниците на земјоделските здруженија со кои денеска беше одржан состанокот не го криеја задоволството од најавените нови мерки и изразија благодарност до министерот Николовски и Владата за грижата што ја покажуваат кон свињарството како сточарска гранка.
Благодарение на оваа мерка, изјавија дека нема да има никакво покачување на цените на свинско месо на домашниот пазар кој целосно се задоволува од домашно производство.
Извор: Агротим
]]>


