Нивес Целзијус сними нова песна „Колинда“ која ја посвети на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ
Се работи за обработка на песната на Зденка Вучковиќ од 1967 година по која хрватската претседателка го добила своето име.
Секогаш сум ги подржувала жените па така и овој пат сакам на свој начин да ја одбележам историската улога на жена во врвот на хрватското општество.
Госпоѓата претседателка ми делува симпатично, образовано и доминантно. Сладок ми е првиот хрватски господин кој ми делува како добродушно мече – изјавила Нивес, пренесува Пулс.


